Божиновски контролор на судењето на мечот од Лига Европа меѓу Штурм и Мура

Поранешниот македонски фудбалски судија Емил Божиновски, денес претседател на Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, кој е единствен на контролорската листа за судење на УЕФА од нашата држава, ужива голем углед во куќата на фудбалот во Европа поради одлично извршената контрола на судењето на последните натпревари во квалификациите за Лига на шампионите и Лига на Европа. Поради тоа Божиновски доби нова задача од Судиската комисија на УЕФА, па ќе ќе биде контролор на реванш мечот во Лига на Европа меѓу Штурм од Австрија и словенечкиот клуб Мура од Мурска Собота што ќе се одигра во Грац на 26. август.

Божиновски претходно на 13. јули беше контролор на средбата во Подгорица меѓу Будуќност и Хелсинки од Финска, на 20. јули го контролираше судењето на натпреварот во Варшава меѓу Легија и Флора Талин, а последниот меч пред патот за Грац беше меѓу Шериф и Црвена Звезда во Молдавија на 10 август. Сите три средби беа во рамките на Лига на шампионите.

М.М.

Се вчитува...