Поранешниот наш најдобар судија, интернационалецот Емил Божиновски денес влијателен контролор на ФИФА и УЕФА, од страна на судиската комисија на европската куќа на фудбалот е одреден да го контролира судењето во второто квалификационо коло во Лигата на шампионите меѓу Макаби Хаифа и Олимпијакос од Атина што ќе се одигра на 2о јули во Израел.
Вториот наш контролор кој се наоѓа на листата на ФИФА и УЕФА, Димитар Мечкаровски, исто така поранешен интернационален судија, кој сега е претседател на Судискиот одбор на ФФМ, ќе патува за Малта каде ќе го контролира судњето во второто квалификационо коло на Коференциската лига на Европа на мечот меѓу домашниот клуб Гзира и претставникот од Србија Раднички од Ниш. Средбата се игра на 21 јули.
Да не ја заборавиме нашата најдобра судијка, интернациналката Ива Пројковска која во моментов се наоѓа во Англија, каде е дел од најдобрите женски судии на стариот континент кои судат на Европското сениорско првенство на кое учествуваат 16 репрезентации. Таа досега беше четврти судија на средбите Шпанија-Финска, Белгија-Исланд, Германија-Шпанија, Австрија-Норвешка и Финска-Германија.
Минатата недела патуваше и Васко Дојчиновски, кој е делегат на ФФМ на листата на ФИФА и УЕФА. Тој беше делегат на натпреварот Фола/Луксембург/ – Тре Фиори/Сан Марино/ во рамките на Конференциската лига на Европа./М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

