Божиновски патува за Андора, Марковиќ за Грција

Нема одмор за нашиот поранешен најдобар фудбалски судија, сега еден од најпознатите контролори на УЕФА Емил Божиновски и за комесарот за безбедност и интегритет во ФФМ Роберт Марковиќ.

Божиновски пред две недели го контролираше судењето во второто квалификациско коло за Лига на шампионите меѓу првакот на Полска Раков и Карабах (3:2), а веќе доби  нова задача и денес ќе патува за Андора каде ќе биде контролор на судењето на мечот од третото квалификационо коло во Конференциската лига меѓу клубот Санта Колона и Аз Алкмар од Холандија, кој се игра на 10 август.

И Роберт Марковиќ нема многу време за одмор. На 27 јули беше одговорен за безбедност на средбата од Конференциската лига, второ квалификациско коло, меѓу хрватскиот претставник Осиек и унгарскиот клуб Заленгерсег (1-0), а на 10 август ќе се грижи за безбедноста на натпреварот во Солун меѓу Арис и Динамо Киев. Поради фактот дека гостите доаѓаат од Украина, овој меч е прогласен за висок ризик од страна на УЕФА.

Се вчитува...