Силекс и Македонија Ѓорче Петров ќе се сретнат во 29. финале во националниот Куп на Македонија кој во петок ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Капитенот на кратовчани, Даниел Божиновски очекува утре да се радуваат на трофејот.
„Од самиот старт на сезоната претрпевме драстични промени. 95 отсто е составен од нови играчи, за разлика од минатата сезона. Со текот на времето се воигравме и направивме резултати како што посакувавме. Приоритет ни беше влез во прва лига и тоа го остваривме. Предизвик ни беше да обезбедиме и финале во купот и тоа успеавме. Сите го чекаме финалето и мислам дека ќе дадеме максимум и мислам дека ќе се радуваме на трофејот“, вели Божиновски.
Натпреварот меѓу Силекс и Македонија Ѓорче Петров кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за во петок (20.05.2022) со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА