Шамрок од Ирска во четврток ќе го дочека македонскиот првак Шкупи во рамки на првиот меч од третото коло во Лига Европа.
Овој двобој ќе предизвика битка за обезедување европска есен во групите (Конференциска лига). Стефан Брадли, менаџерот на Шамрок, потенцираше дека неговиот тим се наоѓа пред голем предизвик, особено ако се има в предвид дека имаат противник кој воопшто не е за потценување.
„Мора позитивно да мислиме дека можеме да поминеме. Секако дека ќе нѐ чекаат тешки мечеви, што е нормално во оваа фаза, но зашто да не поминеме? Свесни сме дека нѐ чека тешка задача, но пречките се наши предизвици“, вели Стефан Брадли, менаџерот на Шамрок.
Шамрок има две шанси за да влезе во групите, оваа со Шкупи и евентуалната ако испадне, во плејофот во Конференциската лига. Една вкупна победа во двомеч ќе им донесе групна фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА