Неверојатната драма на Олимпискиот стадион во Берлин во која се радува тимот на Брага. Може слободно да се каже незаслужено, затоа што Унион Берлин беше подобар тим во вториот тим, и пропушти неколку шанси. Имаше и 2-0 тимот на Унион, на крајот солзи и молк на трибините стигнувајќи португалскиот тим до 2-3.
Бекер во 30. минута го постигна првиот гол за Унион во историјата во ЛШ, а во 37. минута истиот играч уште еднаш ги израдува трибините во Берлин. Во 41. минута Ниакате успеа да намали.
Се играше 51. минута кога Брума со прекрасен гол израмни на 2-2. Потоа Унион имаше повеќе од играта, повеќе од шансите, но немаше реализација, и така освои само еден бод. Херој на Брага е голманот Матеус Лима кој одбрани два тешки удари на домашните играчи, а во 95. минута целосен молк на трибините. Кастро успеа да погоди од 22-23 метри и така да донесе голема победа за својот тим.
Реал Сосиедад дојде до првиот триумф во ЛШ, откако славеше на гостувањето кај Салцбург. Шпанскиот тим уште по првиот дел дојде до триумф. Ојаразабал во 7. минута го отвори резултатот, а на 0-2 зголеми Мендез, кој убаво ја „измеша“ одбраната на противникот и погоди во голот на Шлагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

