Браитвајт на дебито му донесе победа на Еспањол против Билбао

Данскиот напаѓач Мартин Браитвајт, на своето деби во Еспањол донесе победа и тоа на гостувањето кај Атлетик Билбао. Неодамна напаѓачот на Барселона, се пресели во ривалот, и веднаш почна да носи победи.

Браитвајт погоди во 83. минута и ја донесе првата победа на тимот од Барселона во оваа сезона.

Билбао и покрај тоа што играше без Вилијамс, ја имаше иницијативата и повеќе шанси, но на крајот беше поразен за првпат оваа сезона.

Се вчитува...