Брајан Кристанте останува во Рома до 2027 година (ФОТО)

Брајан Кристанте ќе остане дел од Рома до 2027 година, потврди клубот. Италијанскиот репрезентативец претходната сезона беше еден од клучните играчи на тимот предводен од Жозе Мурињо и сосема заслужено доби подобар договор.

Задоволството од продолжената соработка не го криеше ни самиот Кристанте кој вели дека е пресреќен што ќе продолжи да настапува за тимот кој го смета за второ семејство.

„Чест и задоволство е продолжувањето на соработката. Рома ми стана моето второ семејство за времето поминато во клубот. Благодарам на директорот, на претседателот… ова ми значи многу. Пресреќен сум што останувам во клубот, со моето второ семејство“, изјави Кристанте.

Се вчитува...