Денеска и утре се игра вонредното 27. коло во Премиерлигата, а денеска беа постигнати неколку интересни резултати.
Брајтон ја продолжува својата победничка серија и на домашен терен го совлада Борнмут со 2-1. Домашниот тим поведе од пенал преку Жоао Педро, а Клајверт со прекрасен гол израмни во 61. минута. Големата победа на Брајтон ја донесе искусниот Дани Велбек кој погоди во 75. минута.
Кристал Палас оствари изненадувачки убедлива победа над Астон Вила со 4-1. И покрај тоа што поседот на топката беше на страната на момците на Унаи Емери, сепак, на крајот домашниот тим стигна до трите бода. Сар во 29. минута го најави она што се случуваше на мечот. Но, Роџерс успеа во 52. минута да донесе егал. Матета во 59. минута ја врати предноста на Палас, а потоа Сар со втор гол донесе 3-1, за печат на триумфот да стави Нкетиа со погодок во првата минута од судиското надополнување.
Во третиот меч кој заврши вечерва, Вулверхемптон загуби на домашен терен од Фулам со 1-2. Головите за Фулам беа дело на Сесењон и на Муниз, додека за домашните стрелаше Жоао Гомеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

