Брајтон најде нов тренер во името на 31-годишниот Фабијан Хирцелер, поранешниот шеф на стручниот штаб на Сент Паули.
Хирцелер многу сакаше да се пресели на Островот, а таа желба денеска му беше исполнета. Хирцелер минатата сезона како првопласирана екипа на табелата го внесе Сент Пауливо Бундеслигата.
Роден е во Хјустон, а неговите родители дошле во Германија кога тој имал 2 години. Фудбал играл во клубови од пониски лиги, каде што ја започна својата тренерска кариера како играч-тренер во 2016 година кога имаше само 23 години.
Willkommen, Fabian! 🇩🇪 pic.twitter.com/imAofKYGM0
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) June 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА