Брајтон и официјално го промовираше наследникот на Потер

Роберто де Зерби и официјално е избран за нов менаџер на Брајтон, кој ќе го наследи Греем Потер. Тимот од Премиерлигата беше во потрага по нов предводник од клупата откако Потер реши да го прифати предизвикот да седне на клупата на Челси.

Италијанецот последно работеше во таборот на Шахтер Доњецк, но го напушти клубот по руската инвазија врз Украина.

Зерби претходно имаше одлични резултати на клупата на Сасуоло.

Се вчитува...