Брајтон и Вулверхемптон ги поделија бодовите

Брајтон и Вулверхемптон ремизираа без голови во претпоследниот натпревар од 21. коло во Премиерлигата.

Со тоа Брајтон влезе во низа на натпревари без примен, но и без даден гол откако претходно ремизираше и против Вест Хем на идентичен начин, додека Вулверхемптон стави крај на серијата од три победи едно по друго.

Брајтон останува на седмото место на табелата со 32 освоени бода, додека Вулверхемптон е на 11. место со четири бода помалку.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...