Арсенал го запиша и третиот едноподруго пораз во Премиер лигата откако во 29. коло загуби и на гостувањето од Брајтон со 2-1.
Брајтон по само 25 минути игра веќе имаше водство од 2-0 на мечот, со головите на Данк во 7. минута и Мареј во 25. минута…
„Топчиите“ се вратија во игра со голот на Обамејанг во 43. минута, но тоа беше се од составот на Арсен Венгер.
Арсенал остана со 45 бода на шестата позиција на табелата, бодовно сега веќе далеку од екипите кои ќе се борат за европски излез следната сезона. Третиот по ред пораз за Арсенал беше и причина навивачите на тимот од Лондон се поотворено да го бараат заминувањето на Арсен Венгер од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА