Брајтон поведе со 2-0 над Астон Вила, па на крај загуби во меч со седум гола (ВИДЕО)

Брајтон загуби на домашен терен од Астон Вила со 3-4, и покрај тоа што имаше предност од 2-0 по само 29 минути игра. Но гостите се вратија на полувремето, а во второто тргнаа и дојдоа до трите бода.

Ван Хеке во 9. и автогол на Торес во 29. минута двапати ги израдуваа навивачите на Брајтон. Но, Воткинс до крајот на полувремето ја анулираше предноста со два гола. 

Во вториот дел Онана донесе пресврт, а потоа Мален и предност од 2-4. На крајот Ван Хеке во 83. минута само успеа да го ублажи поразот.

Во другите натпревари, Кристал Палас благодарение на голот на Муноз во 44. минута го совлада Барнли на гости. Гостинска победа запиша и Нотингем Форест, кој со 0-1 го совлада Вулверхемптон со голот на Игор Жесус во 72. минута од средбата.

Се вчитува...