Брајтон со „ѓаволски“ скалп

Фудбалерите на Брајтон го изненадија Манчестер јунајтед и го совладаа со 1-0, во првиот меч од 36.коло во Премиер – лигата. Тимот на Жозе Мурињо имаше повеќе од играта на овој меч, меѓутоа Брајтон успеа да го постигне единствениот погодок. Со овој триумф, Брајтон и дефинитивно обезбеди опстанок во елитното англиско друштво.

Паскал Грос во 57.минута го постигна голот што донесе три бода за Брајтон и голема радост за неговите фанови.

Се вчитува...