По три едноподруго натпревари без триумф во Премиерлигата, екипата на Брајтон дојде до победа и тоа на неверојатен начин со 4-2 славејќи против големиот фаворит Тотенхем во 19. коло.
Брајтон тотално го демолираше Тотенхем сосема заслужено доаѓајќи до победата која беше најавена уште во 11. минута со голот на Хајншелвуд.
Жоао Педро во 23. минута веќе донесе и 2-0, а Еступинан во 63. минута зголеми и на 3-0. Жоао Педро со својот втор гол во 76. минута донесе и 4-0.
Тотенхем во 81. минута преку Велиз успеа да намали на 4-1, а Дејвис во 86. минута ги постави конечните 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА