Брајтон со години наназад заработуваше богатство од ангажман на играчи што ги купуваше за ниски суми, а потоа ги продаваше со огромна заработка на тимовите од врвот на Премиер-лигата.
Управата на клубот летово ја промени стратегијата, решавајќи посериозно да инвестира во играчкиот кадар во обид да стигне и до што подобар пласмн. Така, Брајтон вчера го официјализираше и најскапиот трансфер во клупската историја потпишувајќи договор со францускиот напаѓач Џорџињо Рутер од редовите на Лидс.
Овјо 22-годишен голгетер минатото лето дојде од Хофенхајм во Лидс за вкупна сума од 36 милиони фунти, но откако Лидс не успеа да влезе во Премиер-лигата беше принуден да го продаде својот најскап фудбалер, прифаќајќи ја понудата на Брајтон, со зелено светло за трансфер вреден 40 милиони фунти.
Брајтон не планира да запре, бидејќи во завршна фаза се преговорите со Фенербахче за трансферот на турскиот репрезентативец Ферди Кардиоглу. Фенер инсистира на 40 милиони евра, но раководството на англискиот премиерлигаш е убедено дека ќе успее да спушти најмалку пет милиони од оваа сума пред крајот на преодниот рок, со што Кардиоглу ќе се пресели во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА