Браќата Брајан следната сезона ја завршуваат тениската кариера

Најпознатиот дубл пар во светскиот тенис, Боб и Мајк Брајан најавија дека следната година по УС опен ќе ја завршата кариерата. Во текот на кариерата 41 годишните близнаци освоија неверојатни 118 трофеи, меѓу кои ги освоија сите грен-слем трофеи, мастерси, завршниот турнир и злато на Летните олимписки игри.

„Мајк и јас одлучивме 2019 да ја завршиме веднаш по УС опен, иако знаевме дека имаме добри шанси да играме на завршниот турнир. Едноставно сакавме што подобро да се подготвиме за следната година, која ќе биде последна во нашите кариери. Сакаме да ја завршиме фантастичната авантура додека уште сме здрави и можеме да освоиме уште титули“, изјави Боб. 

Браќата Брајан на првото место на АТП листата поминаа вкупно 438 седмици, а дури 10 пати годината ја завршуваа како најдобар пар во двојки.

Се вчитува...