Пари сен Жермен на два дена пред почетокот на фајналфор турнирот во Келн обелодени дека ја продолжува соработката со двајцата француски репрезентативци, Никола и Лука Карабатиќ. Двајцата браќа дојдоа во таборот на „светците“ во 2015 година, па иако имаа договори до 2019, продолжувањето на соработката доаѓа како награда за одличните настапи во претходните две сезони.
„Да се биде дел од проектот на ПСЖ е прекрасна спортска авантура. Убедени сме во капацитетот на нашиот клуб, за да успееме да ги исполниме целите што се поставени пред нас. Сите заедно пред себе имаме високи амбиции во годините што следат“ – порачаа браќата Карабатиќ преку соопштение до јавноста.
ПСЖ ќе биде дел од фајналфор турнирот од Лигата на шампионите што претстојниот викенд се игра во Келн, каде „светците“ за противник во полуфиналето ќе го имаат европскиот вицешампион Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА