Шарл Леклер ќе ужива во посебен момент за време на првиот слободен тренинг на последната трка во сезоната во Ф1 во Абу Даби, каде што ќе вози за Ферари заедно со неговиот помлад брат Артур.
Ова е првпат браќа да учествуваат на Ф1 сесија како тимски колеги. Ралф и Михале Шумахер во исто време беа дел од Ф1 каравонот, но ниту еднаш не се најдоа ви ист тим. Артур, кој минатата година се натпреваруваше во Формула 2 и заврши на 15. место со 10 поени, оваа година работеше како развојен возач на Ферари. Неговите активности вклучуваат работа во симулаторот во Маранело и тркање со Ферари 296 GT3 во италијанскиот шампионат GT и Европската серија Ле Ман.
Првата тренинг сесија во Абу Даби, ќе се одржи во петок на 6 декември во 13:30 часот по локално време. Ова сигурно ќе биде емотивен момент за семејството Леклер и тимот на Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА