Браќата Маркез со специјални кациги на првата трка во Мото ГП шампионатот (ФОТО)

Возачите на Хонда, Марк и Алекс Маркез, ќе носат посебни кациги на првата трка сезонава во Мото ГП шампионатот која ќе се вози во Херес. Кацигите ќе бидат дизајнирани во знак на поддршка на сите кои што се борат со пандемијата од коронавирусот. Хонда сака да оддаде почит на цел свет во борбата со пандемијата која зема многу животи.

„Заедно одиме напред“ е слоганот кој ќе биде напишан на кацигите, а целта е да се испрати порака на солидарност, благодарност и надеж. Првата трка во Херез на програмата е на 19. јули.

 

Се вчитува...