Секогаш кога Никола Јокиќ ќе се сретне со еден од браќата близнаци Морис, или Маркус или Маркиф, во американската јавност се предизвикува бура.
Нетрпеливоста на семејствата Јокиќ и Морис трае уште од пред четири години, кога Никола се судри со Маркиф во натпревар против Мајами Хит. Потоа, по натпреварот, Маркус застана во одбрана на својот брат и му се закани на Србинот на социјалните мрежи, за браќата на Никола, Страхиња и Немања, да креираат профил за да му одговорат на Морис.
„Маркус, требаше да дозволиш да биде како што е, наместо јавно да му се закануваш на нашиот брат. Твојот брат беше првиот што почна да игра валкано. Ако сакаш да направиш чекор понатаму, биди сигурен дека ќе те чекаме. Браќа Јокиќ“.
Оттогаш, тензиите продолжуваат секогаш кога Нагетсите се среќаваат со тимови за кои играат браќата Морис, кои сега смислија нова идеја.
Додека беа гости во подкаст, Маркиф и Маркус ги предизвикаа браќата Јокиќ да влезат во рингот и таму да се соочат еден со друг.
„Колку се поголеми, толку потешко паѓаат. Но, ние сме големи. Па, јас сум поголем од нив“, рече Маркиф, а Маркус се согласи, и заедно рекоа дека ги предизвикуваат Страхиња и Немања на боксерски меч.
Nikola Jokic’s brothers were ready to run on the court to protect him 😳
(via @soo_sue_mee) pic.twitter.com/UifrLRQidU
— Sports Illustrated (@SInow) June 15, 2021
Патем, Страхиња има 43 години, но во последните неколку години сериозно се променил физички и не е баш таков човек што би сакале да го видите против себе. Немања е три години помлад, а дури и претходно тренирал ММА. И двајцата се високи околу два метра, Маркиф е висок 206, а Маркус 203 сантиметри. Моментално, двајцата се без НБА клуб по 14 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

