Браќата Синковиќ се нови херои на Хрватска: Доминантно злато во веслање

Хрватските веслачи, браќата Мартин и Валент Синковиќ ја оправдаа улогата на апсолутни фаворити и го освоија златото во двојки без кормилар на Олимписките игри во Токио.

Синковиќ имаа извонредна трка во финалето зад себе оставајќи ги Романците Мариус Козмиук и Чиприан Тудоса на второто место и Данците Фредерик Виставел и Јоаким Сутон со бронзата.

За браќата Синковиќ ова е трет олимписки медал, а втор златен. Во Лондон 2012 освоија сребрено одликување, а во Рио 2016 се закитија со златото.

Се вчитува...