Атлетик Билбао во неверојатно интересен натпревар славеше над Барселона со 4-2 во четвртфиналето од „Копа дел реј“.
На Баскијците им беа потребни само 38 секунди преку Гурузета да стигнат до предност од 1-0 против слабата одбрана на Каталонците сезонава.
Athetic Bilbao [1] – 0 Barcelona – Gorka Guruzeta 1'
by insoccer
Следеше блиц-криг на гостите кои со погодоците на Левандовски во 26. и Јамал во 32. минута до полувремето стигнаа до целосен пресврт (1-2). Сансет во 49. минута израмни на 2-2, резултат со кој се замина во продолженија, а гостите можат да жалат што не стигнаа до победа по 90 минути, бидејќи Јамал го промаши невозможното во 86. минута.
Таму прво Ињаки Вилијамс кој пред само 24 часа дојде од Африканскиот куп на нации каде настапуваше за Гана донесе водство од 3-2 за домаќините, а конечните 4-2 ги постави неговиот брат Нико Вилијамс во 121. минута.
Athetic Bilbao [3] – 2 Barcelona – Inaki Williams 107'
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

