Александар Коларов ќе биде новиот нов капитен на срската сенорска фудбалска селекција. Искусниот бек на Рома ќе ги предводи „орлите“ на Светското првенство во Русија, а негов заменик ќе биде играчот за врска на Манчестер јунатед, Немања Матиќ.
Назначувањето на Коларов значи дека Бранислав Ивановиќ повеќе нема да ја носи капитенската лента, дефанзивецот на Зенит беше лидер на тимот од 2012 година, а одговорноста ја наследи од Дејан Станковиќ.
„Со Бане од секогаш сме биле во добри односи, така ќе биде и во иднина. Одговарам на секој повик и секоја задача од селекторот, капитенската лента нема да го смени односот во националниот тим“, истакна Коларов.
Ивановиќ е чслен на српската селекција од 2005 година, досега брои 100 натпревари на кои постигна 12 погодоци. Новиот капитен Коларов, настапил на 72 натпревари на кои реализирал 10 гола, за сениорскиот состав дебитирал во 2008 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА