Бранителот на ватерполо-трофејот, Србија загуби од Шпанија на стартот на ЛОИ

Ватерполистите на Србија со пораз го почнаа натпреварувањето во Групата Б на олимпискиот турнир.

Освојувачите на златото од Рио 2016 загубија од Шпанија со 12-13 (3-3, 3-5, 3-2, 3-3). Светските вицешампиони играа сигурно во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено во неизвесна завршница стигнаа до победата.

Кај Шпанците најефикасен беше Муњариз со четири гола, додека кај Србија по два гола постигнаа Лазиќ, Јакшиќ, Пијетловиќ и Филиповиќ.

Се вчитува...