Целје и во четвртиот натпревар сезонава, втор во Лигата на шампионите на крај мораше да му честита на Вардар.Тренерот на Целје, Бранко Тамше по натпреварот спортски призна дека Вардар бил подобар противник и ја заслужил денешната победа.
„Честитки за Вардар за добрата игра и за заслужената победа. Уште на почетокот ни побегнаа на 4-5 гола разлика и со добра,паметна игра ја одржуваа предноста во текот на целиот меч. Ги искрористија сите наши грешки. Мораше многу коцки да се посложат за да направиме изненадувања денеска во Скопје, но кај моите играчи немаше сили за уште една таква победа по она што го направивме против Кјелце минатата недела. Но, јас немам некои сериозни забелешка на играта на моите ракометари. Одигравме добро, посакувавме победа, се подготвувавме, но не е лесно да се победи Вардар, не само за нас, туку и за многу посилни екипи. Му посакувам на Вардар многу успех понатаму, а се надевам дека и ние ќе бидеме меѓу екипите што ќе го продолжат настапот во осминафиналето на ЛШ “ – истакна тренерот на Целје.
Добрата тактичка и физичка подготвеност и рационалната игра на Вардар како огромна преднос ја истакна и плејмејкерот на Целје, Давид Разгор.
„Вардар денеска покажа дека е силен тим и тактички и физички. Сите играчи одиграа на ниво, а Вардар го има и Арпад Штербик, најдобар голман на светот кој и денеска си ја заврши својата работа онака како што знае најдобро. Вардар ја казни секоја наша грешска со брзи голови од контра. Се одлепија на 4-5 голови и тоа беше тешко да се достигне. Тактички се добро подготвени и тешко е да се надополни таква разлика против ваква екипа како што е Вардар“ – потенцираше Давид Разгор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА