Брат тужеше брат за пола милион евра

Поранешниот тренер на АСВЕЛ, Ти Џеј Паркер, се одлучи на необичен потег. Во текот на сезоната тој беше отпуштен од клубот кој го раководеше неговиот брат Тони Паркер.

Според пишувањата на медиумите, Ти Џеј го тужел клубот, поточно неговиот брат, бидејќи бара финансиска отштета. Работеше во тимот од Лион за сума од 250.000 евра годишно, а според договорот имаше уште две сезони од актуелниот договор. Тоа значи дека би заработил околу половина милион евра.

Сега на поинаков начин сака да ги добие тие пари од клубот, поточно од неговиот брат.

Се вчитува...