Братот на Денис Тот неутешен: Прерано нѐ напушти, веќе ништо нема да биде исто

Сите се простуваат од починатиот ракометар Денис Тот кој беше член на РК Бутел. Тот почина утрово на клиниките во Скопје, а причината за смртта и натаму е непозната.

Неговиот брат, Борис Тот е исто така ракометар, голман во Холандија. Тој се прости од него со зборовите:

„Прерано нѐ напушти, драг мој почивај во мир. Ништо нема да биде исто без тебе“, стои во објавата на „Фејсбук“ на Борис Тот.

Од него се простуваат и клубовите и ракометарите.

Се вчитува...