„Братот на Јокиќ тргна кон мене и ја подигна раката…. цел живот ми помина пред очи“ (видео)

Никола Јокиќ и неговата фамилија, очекувано се атрактивна тема за американските медиуми со оглед на ѕвездениот статус кој го негува српскиот центар на Денвер Нагетс.

Главна придружба на српскиот кошаркар се неговите враќа Страхиња и Немања кои се прославија и самите во САД со застрашувачкиот изглед, но и по вербалните пресметки со навивачите на останатите тимови кои знаеја и да ескалираат како случајот со натпреварот против ЛА Лејкерс во кој Страхиња физички нападна фан.

По инцидентот браќата добија посебен третман, беа испратени во ВИП ложата каде немаат близок контакт со публика, но поради репутацијата се уште се „страв и трепет“ во Северна Америка.

За тоа говори и сведоштвото на новинарот на „Јаху“ кој на „Ол-стар“ натпреварот имал блиска средба со постариот брат Страхиња кој го престакажа преку видео.

„Најстрашниот момент во мојот живот. Видов како раката на братот на Никола оди према мене. Бев на „Ол-стар“ викендот каде по натпреварот го видов семејството Јокиќ и помислив дека ќе биде одлична снимка. Сакав да ги снимма. Прво помислив дека не погледна, а потоа дека сум параноичен.

Продолжив да снимам, а кога тргна спрема мене и ја подигна раката, велиот живот ми помина пред очи. Мислев дека животот ќе ми заврши во мрачен ходник на „Чејс“ центарот“, открива новинарот.

Сепак Страхиња од него побарал само да се помести за да поминат и да се сликаат пред „Ол-стар“ билбордот па така семејството Јокиќ испадна фантастично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yahoo Sports (@yahoosports)

Се вчитува...