Братот на Меси му приреди „пекол“ со изјави против Барселона, а потоа мораше се да „излиже“

Братот на Лионел Меси, Матијас вчера предизвика вистински „земјотрес“ меѓу навивачите на Барселона но и кај самиот Лео откако во живо на социјалните мрежи се одлучи да зборува за својот брат и шпекулациите дека се враќа во каталонскиот клуб.

Но, никој не можеше ниту да помисли дека на таков начин ќе ја навреди Барселона, претседателот Лапорта и нејзините навивачи.

„Имам исечок од весникот ‘Спорт’ со наслов: ‘Меси би требало да се врати во Барселона’. На тоа само ќе се насмеам. Ние никогаш нема да се вратиме. Всушност, може да се вратиме само за да таму заведеме малку ред. Меѓу првите нешта кои би ги направиле е да го избркаме Хуан Лапорта од клубот. Никој во Барселона не го поддржа Лео. Да го ценеа, би организирале протести со кои ќе бараа Лео да остане, а Лапорта и неговите другари да одје.ат од клубот. Шпанците се предавници. Тоа одговорно ви тврдам. Не го заслужуваат Лео“ – зборуваше Матијас Меси во своето обраќање во живо.

По сето тоа на социјалните мрежи доби огромни критики поради сето јавно кажано, а сигурно е дека жестоко реагирал и Лионел Меси поради таквите непотребни глупости кои ги приредил неговиот брат.

Па, Матијас одлучи повторно да се огласи и да го „излиже“ сето кажано, тврдејќи дека тој само малку се шегувал и не знаел дека е уклучен во живо на социјалните мрежи. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека веднаш бил контактиран од Лионел Меси кој побарал од него што побрзо сето тоа да ги исправи.

„Сакам да се оправдам за сето она што претходно го кажав, бев со синот и со пријатели и малку се шегував. Како воопшто би можел така да мислам за така голем клуб како што е Барселона и за нејзината историја, за клуб кој толку многу дал за моето семејство и за Лео. За нас Каталонија е нашиот втор дом и тоа добро се знае. Многу ми е жал и се извинувам на сите ако повредив негово, посебно им се извинувам на навивачите на Барселона. Што се однесува до социјалната мрежи, сакам да кажам дека користам само Инстаграм“ – порача Матијас.

Сепак, за сите во Шпанија е јасно дека Матијас во првото свое обраќање го кажа она што целото семејство Меси го мисли за Барселона откако Лео на таков начин мораше да го напушти клубот. Јасно е дека семејството Меси никогаш не и прости на Барселона. Поради тоа воопшто не може да се верува дека односите на челници на клубот се нешто подобри од пред две години, и ако Лапорта успее да го наговори Меси да се врати во клубот тогаш тоа ќе биде навистина неверојатен потфат.

Се вчитува...