Братот на Никола Јокиќ осуден за насилничко однесување во САД

Страхиња Јокиќ, братот на Никола Јокиќ, е приведен и обвинет за напад на натпревар во Денвер Нагетс. Страхиња беше уапсен во јули, а казната штотуку му беше изречена, околу еден месец по неговото апсење.

Како што објави Денвер пост, Страхиња Јокиќ е осуден за напад од трет степен.

Нападот од трет степен генерално се смета за најмалку сериозна форма на напад. Многумина го дефинираат нападот од трет степен како несовесно предизвикување страв од повреда на друго лице.

Јокиќ беше обвинет поради тоа што удрил еден навивач на мечот помеѓу Денвер и ЛА Лејкерс, а видеото стна вирално на социјалните мрежи. На оваа тепачка претходела расправија, а нападнатиот навивач не сакал да оди на суд, но по притисок на медиумите се решил да сведочи.

Се вчитува...