На Пол Погба не му оди најдобро во Манчестер јунајтед, но уште полошо му е на неговиот брат Флорентин, кој влезе во конфликт со целата екипа на Генчлербирлиги.
Тој е дел од овој клуб, кој води жестока битка за опстанок во турската фудбалска елита, а Флорентин Погба го навлече бесот на соиграчите откако на вчерашниот меч со Анталија самиот си замина од теренот. Имено, тој се пожали на повреда, тренерот веќе ги имаше искористено замените, па Погба самиот го напушти теренот.
Дел од останатите фудбалери на Генчлербирлиги влегоа во отворен конфликт со Погба, но за малку ќе добиеја и ќотек. Без разлика дали овој тим ќе обезбеди опстанок или не, јасно е дека Флорентин Погба ќе мора да ги менува клупските бои во текот на летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА