Тој е прогласен за виновен за организирање криминална банда и обид за изнуда, за што ќе одлежи две години условно и една година електронски надзор. Адвокатот на Матијас Погба најави жалба.
Бандата се обидела да изнуди 13 милиони евра, а нејзиниот водач е осуден на осум години затвор. Сите осудени освен Матијас се обврзани да платат и финансиска штета.
Покрај веќе споменатата затворска казна, Матијас е казнет со 20.000 евра.
„Аферата Погба“ започна ноќта на 19 март 2022 година, кога Пол Погба беше нападнат во неговиот стан. Две маскирани лица му се заканувале со оружје и се обиделе да му изнудат 13 милиони евра, а истрагата покажа дека неговиот брат е вмешан во сето ова.