Матијас Погба, братот на Пол, заврши во затвор поради уцена. Скандалот во семејството на Пол Погба не стивнува. Сопствениот брат Матијас му се заканувал дека ќе ги открие сите негови тајни и барал да му бидат платени 13 милиони евра за да молчи.
Фудбалерот на Јувентус го одбил ваквиот предлог, а потоа во јавноста излезе информацијата дека фудбалерот на Јуве платил на „вештерка“ за да го повреди Килијан Мбапе.
Ваквиот настан предизвика целосен хаос во Франција, дури и напаѓачот на ПСЖ се јави и побара објаснување за се. Полицијата реагирала, па Матиас Погба е уапсен, како и уште три лица кои се осомничени дека го уценувале Пол и се обиделе да изнудат пари. Тие се зад решетки, а истрагата е во тек, вака барем пренесуваат светските медиуми.
„Матијас Погба е приведен, а полицијата го испрашува за уцени и закани. Истрагата е во тек, а се споменуваат обвиненија за уцена, киднапирање, криминален заговор, како и соработка со банда“, наведува британски ‘Гардијан’.
Истиот медиум пренесува дека Погба за молчење во март платил 100.000 евра, но дека одбил да ја плати милионската сума кога следеле нови уцени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА