Братот на Тот: Доста со лажните информации, Денис почина од срцев удар!

Братот на починатиот ракометар на Бутел, Борис Тот се огласи преку социјалните мрежи ставајќи крај на постојаните шпекулации околу причините за смртта на 27-годишниот Денис Тот.

Денис синоќа со срцево затајување беше пренесен во скопските клиники по што попладнево и официјално беше потврдено дека не ја издржал најважната битка во животот.

„Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“ – напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.

Уште утрово од КАРИЛ за повеќе македонски информативни медиуми нагласија дека на телото на Тот немало видливи знаци на повреда, а на скопската клиника бил донесен со срцево затајување. Попладнево и официјално беше потврдено дека и покрај борбата на лекарите за неговиот живот, младиот ракометар на РК Бутел, за жал, почина на скопските клиники.

Се вчитува...