Лукас и Тео Хернандез се браќа, но на мадридското дерби „не се познаваат“. Тогаш 21-годишниот Лукас со Атлетико и една година и осум месеци помладиот Тео со Реал Мадрид се на спротивните страни.
Се разбира, така е само на терен, инаку тие се во одлични односи и често изјавуваат дека не се само браќа туку и најдобри пријатели.
Се покажа тоа и на божиќната честитка на која Лукас на својот брат му посакува четири желби, но не ја пропушта можноста и да се пошегува на сметка на ривалскиот Реал.
„Прво ти посакувам среќен Божик. Второ, Среќна Нова година. Трето, се надевам дека од Дедо Мраз ќе добиеш многу подароци. Четврто? Четврти е Реал“ – се пошегува Лукас Хернандез.
Реал Мадрид по 17 кола има натпревар помалку од водечката Барселона, но и 14 бода заостаток зад лидерот кој минатата недела го потопи на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-3.
Атлетико Мадрид е на второто место и има пет бод повеќе од Реал, што пак беше доволна причина Лукас да биде „главен“ на семејната прослава и да се шегува со својот брат.
Токму помладиот од браќата Хернандез беше протагонист во големиот скандал минатото лето кога направи „предавство“ и за 30 милиони евра го смени едниот за другиот мадридски клуб. Што се покажа како лоша одлука барем кога е во прашање оваа полусезона на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА