Братска љубов: Франц не го заборави Мо (ВИДЕО)

Германија ја продолжи доминацијата во светот на кошарката откако во финалето на Евробаскетот ја совлада Турција во драматична завршница и со тоа ги спои титулите на светско и европско ниво, нешто што се случува многу ретко во спортот.

Водечката „моќ“ на Германија на континенталниот собир несомнено беше младиот 24-годишен Франц Вагнер кој ги освои симпатиите на кошаркарските љубилите откако на церемонијата се појави со дресот на неговиот постар брат Мо кој поради тешка повреда не е дел од репрезентацијата ова лето.

„Имаше тешка повреда и се обидува да се врати што побрзо. Не можеше да биде тука, но мислам дека секој во тимот знае дека тој е дел од него. Тој е дел од тоа што го градиме“, изјави Франц.

Се вчитува...