Триатлонската трка Ајронмен е најтешката од ваков облик во светот, а секоја година на Хаваи се одржува традиционалната манифестација на која натпреварувачите вложуваат максимални напори за да ја минат пливачката, велосипедската и маратонската делница. На еден ваков потфат се одличи и Брент, кој тргна во неверојатна авантура со својот брат Кајл, кој боледува од церебрална парализа.
Брент го туркаше својот брат во количка, беше со него и во вода додека пливаше, а на крајот го возеше и на велосипед, и на одушевување на сите, двајцата успеаја да минат низ целта на оваа супертешка трка.
Брент долго време тренираше за да му ја исполни желбата на својот брат, кој е неподвижен во количка, не може да ги користи рацете и нозете, а на крајот братската љубов ја победи и најтешката трка – Ајронмен.
Видеото од нивната емотивна приказна стана вирално, во кус временски период е „шерувано“ 18.000 пати, а е прегледано 4 милиони пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА