„Братски дуел“ во Јане Сандански

Прволигашката програма продолжува денеска со дуел во СЦ „Јане Сандански“ каде МЗТ 2 ќе го пречека „постариот брат“, МЗТ Скопје од 17:30 часот. На претходните два прволигашки дуела првиот состав на тимот од Аеродром славеше убелдиво, но „штркчињата“ покажаа карактер на последната средба во која на полувремето имаа и предност.

Денешната средба ќе биде нова голема мотивација за кошаркарите на младиот состав на Боро Даскаловски, кои ќе дадат се од себе за да докажат дека за нив има место во првиот состав.

„Уште од рана возраст имав голема желба да заиграм за МЗТ. Како аеродромско дете, секој тренинг и секој натпревар играм со голема желба и го давам својот максимум за сино-белиот дрес. Свесен сум дека ние од МЗТ Уни Банка сме млада и неискусна екипа, но имаме голем капацитет и потенцијал кои треба да ги покажеме. Како секој натпревар, така и сега треба да покажеме дека вредиме и дека овој проект е успех на клубот“ – изјави пред натпреварот Андреј Андоновски.

Младиот состав на МЗТ Скопје по девет одиграни натпревари има скор од една победа и осум порази, додека првиот состав има учинок од пет победи и три порази, па победата ќе биде добредојден на двата тима.

Се вчитува...