Ракометарите на Металург славеа убедлива победа од 39-27 над Металург2 во рамките од новото суперлигашко коло, втор триумф во низа за тимот на Зоран Кастратовиќ во пресрет на двомечот од Купот на ЕХФ против Горење.
Дуелот беше израмнет до 10-10, за потоа „повозрасните“ да успеат да наметнат темпо што младиот состав на Металург 2 не можеше да го следи. На одмор се замина со водство на Металург од 16-12, веќе во раната фаза од второто полувреме домаќините поведоа и со 22-14, предност што дополнително ја зголемија до самиот крај на мечот.
Мице Шилгов со седум и Милан Лазаревски со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, додека Додиќ и Стојановиќ беа најдобри поединци во Металург 2 со по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА