Браун и Тејтум ја елиминираа Атланта, Бостон е во полуфиналето на „истокот“

Бостон селтикс се пласираше во полуфиналето на Источната конференција, закажувајќи дуели со Филаделфија откако селтикси славеа во серијата против Атланта со 4-2. Синоќешниот дуел мина во израмнета борба на двете страни, за на крајот Бостон подобро да ја одигра завршницата и да триумфира со 120-128.

Како пресудна се покажа средината од четвртата четвртина, во која Бостон успеа да направи серија од 11-0 и резултатски да се одлепи. Браун погоди тројка, од далечина прецизен беше Хорфорд, а по него пет поени во низа постигна и Џејсон Тејтум, обезбедувајќи предност што Бостон знаеше како да ја сочува до самиот крај.

Браун со 32 поени и Тејтум со 30 поени и 14 скокови беа најефикасни во таборот на Бостон, додека кај Атланта прв стрелец беше Тре Јанг со 30 поени, но и слаб шут од поле 9/28.

Се вчитува...