Бостон Селтикс ги декласираа Лос Анџелес Клиперс со 146:115, и со тоа ја прекинаа сеирјата на Клиперси од шест последователни победи во НБА Лигата. Од првата минута гостите диктираа темпо и се прашуваа за победникот од овој дуел.
Селтикс имаа голема предност од 14 поени во првата четвртина. Тројките во следниот период успеаја да ги доближат Клиперси до водство, па на полувреме заминаа со резултат 63:71.
Во третата четвртина, домашните се приближија до минус четири, но следеше серија од Џејлен Браун, кој по сопствена иницијатива ги врати плус 14 на Бостон пред почетокот на последната четвртина.
Во решавачкиот период, домашните постигнаа само 16 поени, што гостите го искористија за да го зголемат водството до самиот крај.
Џејлен Браун постигна 50 поени, Вајт го следеше со 29, Симонс додаде 15, Волш 13, Причард 12 и Лука Гарза 11 поени.
Леонард и Колинс ги предводеа Клиперсите со по 22 поени, Џонс додаде 19, а Харден имаше 18 со 12 асистенции.
Далас ја продолжи својата добра форма на домашен терен со триумфот над Хјустон со 110-104, каде што забележа шест победи во последните седум натпревари. Од друга страна, Рокетс ја прекинаа серијата од четири последователни победи.
Маверикс ја контролираа играта во поголемиот дел од натпреварот и имаа водство од 17 поени на почетокот на четвртата четвртина. Сепак, Хјустон ја намали разликата на 106-101 на нешто повеќе од една минута до крајот.
Прашањето за победникот сепак го реши Макс Кристи со забивање по пробивот во следниот напад.
Натпреварот беше обележан и со рани повреди на центрите.
Алперен Шенгун го напушти теренот по само 64 секунди игра поради повреда на зглобот, додека Далас остана без П.Џ. Вашингтон Џуниор, кој го напушти натпреварот по првата четвртина од истите причини.
Најефикасен играч за победничкиот тим беше Ентони Дејвис со 26 поени и 12 скока. Макс Кристи постигна 24 поени, со четири тројки од шест обиди. Дебитантот Купер Флег постигна 10 поени.
За Хјустон, Кевин Дурант постигна 34 поени, играјќи го целото второ полувреме со четири прекршоци.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Њујорк – Филаделфија 119-130
Торонто – Атлната 134-117
Чикаго – Шарлот 99-112
Сан Антоио – Портланд 110-115
Далас – Хјустон 110-104
Голден Стејт – Јута 123-114
ЛА Клиперс – Бостон 115-146
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

