Браво Калин – Ивановски е во четвртфиналето на Вимблдон!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Тој во осминафиналето денеска со 2-1, по сетови 6-4, 5-7 и 6-0 славеше над осмиот носител, Литванецот, Едас Бутвилас.

Во првиот сет во кој нашиот тенисер беше подобар противник еден брејк беше доволен за негово освојување со 6-4. Во вториот сет Ивановски иако имаше предност од 4-2, следуваше голем пад, по што Литванецот успеа да го освои сетот со 7-5 и да израмни на 1-1.

Нашиот тенисер феноменално го одигра одлучувачкиот сет и на експресен начин го освои со 6-0.

Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против подобриот од мечот меѓу Артнак од Словенија и Шпанецот, Роденас.

Се вчитува...