Браво: Ковачевиќ ми е пријател, глупост е дека сум нарачал негово убиство

Раул Браво категорично ги отфрли обвинувањата дека е вмешан во обидот за убиство на Дарко Ковачевиќ, откако името на шпанскиот дефанзивец беше поврзано со пукањето врз српскиот голгетер во Грција. Двајцата фудбалери извесно време настапуваа заедно во Олимпијакос и според Браво отсекогаш имале одличен однос.

„Ова не е нормално, седиш дома и еден ден си го читаш името како нарачател на убиство, и тоа на поранешен соиграч. Луѓето околу мене стануваат премногу загрижени, па морам вака јавно да демантирам било каква поврзаност. Вистината е дека се слушнав и со Дарко Ковачевиќ, кој самиот ми се јави да ми каже дека е загрижен, бидејќи во тие обвиненија нема ниту ронка вистина, туку се обична измислица на жолтиот печат во Србија. Тој ми кажа дека како сведок не смее да дава изјави за случката и дека најдобро ќе биде ако јас проговорам. Јас и Ковачевиќ отсекогаш сме биле пријатели, се уште сме блиски и лудост е да се тврди дека имам било каква поврзаност со немилиот настан“, изјави Раул Браво во шпанската емисија „Ел Ларгуеро“.

Истрагата на грчките власти за пукањето врз Ковачевиќ, оценето како обид за убиство, продолжува…

Се вчитува...