Втора турнирска победа на Лина Ѓорческа во 2025 година. Нашата тенисерка попладнево го освои турнирот во Романија, откако во финалето ја совлада Романката Беретеа.
Откако го загуби првиот сет, со 6-3, во вториот Лина демонстрираше моќ и врати со иста мера, односно го доби вториот сет со 6-3.
Во решавачкиот трет сет, Лина успеа да го добие со 6-4, и така да го освои овој турнир кој се играше во Слобозија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

