Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на ИТФ фјучрсот кој се игра во српска Куршумлиска бања.
На турнирот вреден 35.000 американски долари нашата тенисерка во полуфиналето беше подобра од Казахстанката, Жибек Куламбаева во еден маратонски меч со 2-1, по сетови 6-2, 2-6 и 6-3.
Во финалето тетовчанката за противничка ќе ја има грчката тенисерка, Марта Матула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

