Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните партии на крајот на оваа сезона во светскиот тенис. По титулата минатиот викенд, тетовчанката ќе игра ново финале, овојпат на силниот Челинџер турнир во Букурешт.
Во полуфиналето на турнирот вреден 75.000 американски долари нашата тенисерка беше убедлива против Гркинката, Деспина Папамихаил со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-2.
Во финалето нашата тенисерка ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Австријката Лили Тагер и Сада Нахимана од Намибија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

