Младиот таеквондист на Македонија, Филип Блажевски со три победи освои бронзен медал на официјално Европско првенство до 21 година во Приштина.
Во првата борба тој го победи Александру Манита од Молдавија, во втората славеше над Украинецот, Олександр Јефимов, додека во третата борба која беше за сигурен медал славеше против Французинот, Ејман Бери.
За жал во борбата за финале тој беше поразен од Хрватот Оскар Ковачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

