Навивачите на Партизан уште еднаш го оправдаа епитетот „најдобри во Европа“ по фантастичната акција што ја реализираа пред почетокот на вечерашниот меч со Макаби.
Како што беше најавено, фановите во преполната „Арена“ фрлија илјадници плишани играчки на теренот уште додека кошаркарите на двата тима се загреваа, како дел од хуманитарната акција со која сите овие играчки ќе бидат проследени до децата без родители ширум Србија.
„Гробари ви благодариме. Желбата сите деца во Србија среќно да се играат е исполнета“, објави Партизан крај видеото од оваа убава акција.
GROBARI HVALA! ŽELJA DA SE SVA DECA U SRBIJI SREĆNO IGRAJU JE ISPUNJENA!🖤🤍#KKPartizan #EuroLeague pic.twitter.com/Rycs9l8s0G
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) January 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА